ПОСКАПЕЛЕ ХРАНАТА И АЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛАЦИ: Одењето по ресторани станува скапо задоволство
Одењето по ресторани станува скапо задоволство за граѓаните. Во јули цените во угостителство биле повисоки за пет отсто во однос на лани.
Најголемо зголемување на цените има кај алкохолните пијалаци и тоа 8,4 отсто и кај храната за 8,1 проценти.
Како што објави Државниот завод за статистика (ДЗС), во споредба со претходниот месец годинава, пак, во јули имало покачување на цените кај повеќето категории и тоа храната поскапела за 0,4 отсто, алкохолните пијалаци за 1,6, безалкохолните пијалаци за 0,9, а ноќевањата за 0,2 проценти.
Гледано на подолг временски период, од јануари до јули оваа година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 5,3 отсто во однос на истиот период лани, додека во однос на декември 2024 година, зголемувањето е 1,6 проценти.
foto freepik.com
