Поскапеа лековите и алкохолот – овој јануари поскап од ланскиот!
Трошоците на живот во јануари во однос на декември се намалиле за 0,1 процент, но во истовреме цените на мало се зголемиле за 0,2 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Намалувањето на трошоците за живот пред сè се должи на намалените цени на јајцата за 2,5%, чоколадните производи 1,3%, овошјето 1,2%, лебот и житариците за 0,7% во јануари во однос на декември.
Но, ако се спореди на годишно ниво, во јануари годинава во споредба со јануари лани, трошоците за живот се повисоки за 0,9%, а зголемувањето е најголемо во зравството (повисоки трошоци за 13%), алкохолни пијалоци и тутун (+5%) и храна (+1%).
Зголемените трошоци за здравство се должат пред се на зголемените цени на лековите, кои од јануари 2013 до јануари 2014 се зголемиле за 20,1 проценти, а другите медицински производи поскапеле за 23,5%. Медицинските услуги биле поскапи за 3,6 проценти овој јануари во споредба со ланскиот.
Зголемувањето на трошоците во делот на алкохолни пијалоци и тутун се должи најмногу на растот на цените на пивото (за 12%), жестоките пијалоци (7,2%) и виното (2,5%). Тутунот во истиот период поскапел за 3,5%.
Слично
