Поскапеа јајцата како основен продукт во Македонија
Изминативе денови, во речиси сите маркети дојде до значително зголемување на цената на јајцата.
Според она што се гледа од терен, но и сведоштва на купувачите, цената на јајцата е зголемена за нaд 10 проценти.
Тоа значи дека ако една табла со 30 јајца (Л класа) се продавала по цена од 280 денари, сега се продава по цена од 310 денари, односно мала табла од 10 јајаца (М класа) која се продавала по цена од 90 денари, сега чини 105 денари.
Ова, важи за скоро сите маркети и скоро сите производители на јајца, а она што е дополнително загрижувачки е што цените нагло се смениле.
И додека цените секојдневно растат, Владата и Синдикатите продолжуваат со полемика околу растот на минималната плата.
Синдикатите бараат минимална плата од најмалку 600 евра, додека Владата нуди зголемување од март следната година од 2000 денари односно од сегашните 397 евра, таа да дојде на нешто над 420 евра, што за жал и натаму ќе биде најниска минимална плата во регионот.
