Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПЕА ЧОКОЛАДИТЕ И ОВОШЈЕТО: Koлкава е инфлацијата во Германија?

ПОСКАПЕА ЧОКОЛАДИТЕ И ОВОШЈЕТО: Koлкава е инфлацијата во Германија?

Инфлацијата во Германија изнесува два проценти втор месец по ред. 

Цените на храната се зголемија во јули, цените на енергијата се намалија, а инфлацијата остана непроменета на два проценти, објави Дестатис во среда.

„Инфлацијата е стабилна од почетокот на годината“, рече Рут Бранд, претседател на националниот завод за статистика. 

Цените на енергијата продолжуваат да паѓаат и ја намалуваат вкупната инфлација. 

„Од друга страна, некои цени, особено услугите, се зголемуваат над просекот и ја поттикнуваат инфлацијата“, рече Бранд.

Малопродажните цени се зголемија за 0,3 проценти од претходниот месец.

Основната инфлација, која ги исклучува променливите цени на храната и енергијата, се зголеми за 2,7 проценти во споредба со јули 2024 година.

Цените на храната се зголемија за 2,2 проценти во истата споредба, што е малку над просекот. Свежото овошје чинеше 7,6 проценти повеќе, слатките за 5,6, а млечните производи и јајцата за 4,1 процент. Чоколадото поскапе најмногу, за 18,6 проценти.

Цените на енергијата се намалија за 3,4 проценти на годишно ниво – горивото за 4,5, маслото за греење за пет и електричната енергија за два проценти.

Цените на услугите се зголемија најмногу во просек – за 3,1 процент, што е значително над општиот просек, но помалку од четирите проценти во јуни. Најсилниот двигател на цените во тој сектор е растот на платите.

Економските институти проценуваат дека Германија ќе ја заврши годината со просечна стапка на инфлација од околу два проценти, што е целта на Европската централна банка за еврозоната.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести