Поскапе водата за пиење во Скопје
Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација - Скопје објави нова цена на фактура за комунални услуги. Поскапувањето е започнато од 1 септември.
Цената на водата за пиење за домаќинства е зголемена од 18,5 денари на 20,5 денари по метар кубен. Кај категоријата домаќинства е зголемена и цената на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води од 12,5 на 13,5 денари по метар кубен вода.
Зголемена е и цената на овие услуги кај категоријата останати субјекти. Скопското претпријатие поскапувањето го бараше поради прикажани повисоки трошоци кај Регулаторната комисија,која го одобрува новиот тарифник.Во моментов нема информации како гласале членовите на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација, ниту пак дали по ова прашање се дебатирало на точка на дневен ред на седница на Град Скопје.
Во прилог стариот и новиот ценовник на ЈП Водовод и канализација - Скопје.
