Поскапа регистрација за дизел мотори и стари автомобили
Дали ќе поскапи регистрацијата за постарите возила и за возилата со дизел мотори ќе се знае откако ќе стапат во сила измените во Законот за животна средина.
Со измените се предвидува нов начин на плаќање на оваа давачка, пишува Нова Македонија.
Негативното влијание што го предизвикува возилото врз средината се определува од староста на возилото но и од староста. Затоа дополнително ќе се утврдува колку поскапа ќе биде регистрацијата, пишува весникот.
Помалку пари ќе се плаќа за поновите возила и за автомобилите со помала зафатнина на моторот, а повеќе за постарите и за оние што користат дизел гориво.
Слично
