Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАП ТРАНСПОРТ, ОБУВКИ, ХРАНА: За колку се зголемија трошоците за живот во Македонија?

ПОСКАП ТРАНСПОРТ, ОБУВКИ, ХРАНА: За колку се зголемија трошоците за живот во Македонија?

Во Македонија се зголемуваат трошоците за живот. Тие во април на годишно ниво се  зголемени за 2,6 oтсто, а цените на мало за 2,7 отсто. 

Според Државниот завод за статистика(ДЗС), зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 отсто, Облека и обувки за 1.5 отсто, Рекреација и култура за 1.4 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 отсто, Здравје за 0.4 отсто и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 отсто. 

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 отсто и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 отсто. 

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Повеќе од 1.000 евра се потребни на едно семејство за основните трошоци. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести