ПОСКАП ПРЕВОЗ, ХРАНА, ОБЛЕКА: Ваква инфлација во Хрватска немало цели 14 години
Инфлацијата во Хрватска е највисока за период од 14 години.
Во однос на февруари најмногу поскапеле облеката и обувките во просек за 12,2 отсто, транспортот за 5,3 отсто, а услугите во рестораните и хотелите за 1,8 отсто.
Ако споредиме со февруари, потрошувачките цени се во просек повисоки за 2,1 отсто, а во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период минатата година, цените се во просек повисоки за 6,4 отсто, објави Хина.
Цените на режиските трошоци за домување како водата, струјата, гасот и другите горива имаат годишен раст од 3,8 отсто.
Цените на прехранбените производи, во кои се вклучени безалкохолните пијалаци, скокнаа за 10,3 отсто на годишно ниво и имале најголем придонес во годишната стапка на раст на индексот (+ 2,8 процентни поени).
Цените на транспортот првенствено поради цените на горивата, пораснале за 14,4 отсто.
Висока инфлација има во Германија, Британија, Чешка и други земји. Овие земји се соочуваат со инфлација каква немале со децении.
