Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскап леб, шеќер, масло за јадење, растат трошоците за живот во земјава

Поскап леб, шеќер, масло за јадење, растат трошоците за живот во земјава

Растат трошоците за живот во земјава. Тие во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември. Поскапеа лебот, шеќерот, зејтинот, а поевтинија туристичките аранжмани. 

Зголемување на цените има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 проценти, кај маслото и маснотиите за 2,3 проценти, кај лебот и житата за 1,8 проценти, кај месото за 1,7 проценти, кај прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,2 проценти, кај млекото за 0,7 проценти, кај сирењето и урдата за 0,5 проценти и кај рибата и морските плодови и жестоките пијалаци за 0,3 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Во октомври, раст на трошоците на животот имало и кај гасот и течните горива за домаќинствата, рестораните и кафулињата, обувките, услугите за домаќинствата, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, цврстите горива за домаќинствата, накитот и часовниците, големите и малите електрични апарати за домаќинствата….

Намалување на трошоците на животот имало кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, свежото и разладеното овошје, пивото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук и виното. Поевтинување имало и кај воздухопловниот патнички транспорт, туристичките пакет-аранжмани, велосипедите, книгите.

Иистите работи кои лани чинеле колку една плата, сега се зголемени за 1.000 денари.

Ако ги погледнеме платите, просечната плата е зголемена за 4 отсто, односно за 1.100 денари, од 27.535 на 28.642 денари.

Слично

Поврзани вести