Економија, финансии, бизнис

Контакт

Посилен земјотрес во Грција се осети на југот на Македонија

Посилен земјотрес во Грција се осети на југот на Македонија

Два посилни земјотреси во текот на ноќта се регистрирани во крајбрежни реони на Егејското Море во Грција и во Турција.

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран околку полноќ во реонот на грчкиот град Катерини, во северозападното крајбрежје на Егејското Море. Атинскиот геодинамички институт соопшти дека еприцентарот на потресот бил на 24 километри северно од Катерини и на 300 километри северозападно од Атина.

Потресот бил почувствуван и во јужна и во југоисточна Македонија.

Во текот на ноќта земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер доцна синоќа беше регистириран и во провинцијата Мугла на егејското крајбрежје на Турција.

Истанбулскиот сеизмолошки институт Кандили соопшти дека потресот се случил на десетина километри под површина на земјата, со епицентарот на 31 километар југоисточно од градот Мугла и бил почувствуван и во соседните окрузи. 

Засега нема информации за жртви и предизвикани материјални штети при потресите. 


Слично

Поврзани вести