Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пошта им го нуди „бизнисот“ на сите банки: Една ќе го добие

Пошта им го нуди „бизнисот“ на сите банки: Една ќе го добие

АД Пошта испратило понуда за соработка до сите банки, а која ќе го земе доходовниот бизнис и шалтерите на поштата односно ќе ја наследи пропаднатата Еуростандард банка во оваа соработка, ќе се знае по преговорите. Банкарите имаат три дена да се пријават дека се заинтересирани. Тие кои ќе одлучат да преговораат потоа ќе иводат разговори со раководсктвото на АД Пошта на Северна Макеоднија. Директорот на друштвото Ејуп Рустеми денеска информираше дека е почната постапката за избор на банка за склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.

„Во согласност со наведеното, Пошта на Северна Македонија денес достави Писмо за намери до сите деловни банки и до Македонската банкарска асоцијација за деловна сорабтка. Заинтересираните банки во рок од 3 (три) работни дена треба писмено да се произнесат дали се заинтересирани за соработка, со цел да се започнат преговори.“, се вели во соопштението.

Владата вчера донесе одлука со која даде согласност Пошта да почне посатпка за избор на нова банка.


Слично

Поврзани вести