Економија, финансии, бизнис

Контакт

Посетата на Венизелос во Скопје била „напната“, оцени „Катимерини“

Посетата на Венизелос во Скопје била „напната“, оцени „Катимерини“
Тешка и напната беше атмосферата за време на посетата на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Скопје, оценува грчкиот весник „Катимерини“. Весникот наведува дека Венизелос во Скопје пристигнал со автомобил од Приштина, а тука го пречекале протестите на членовите на иницијативата „Македонски манифест“ и „исклучително силни безбедносни мерки“. „Показател за атмосферата беше и тоа што по средбата со министерот за надворешни работи Попоски, двајацата министри не дадоа заеднички изјави. Се разбира, Попоски го буцна Венизелос за тоа велејќи дека ’очигледно не му се допадна позадината’, односно натписот ’Република Македонија“, пишува „Катимерини“. Весникот ја наведува и посебната изјава за грчките новинари што ја дал Венизелос на крајот од посетата на Скопје и во која се наведува дека од македонските власти побарал „покреативен“ став во спорот околу името. „Груевски ми повтори дека неговата земја нема територијални претензии и не демонстрира никаков иредентизам. Ова е важно, но треба да се претвори во креативен став во врска со името“, им рекол Венизелос на грчките новинари. Венизелос во Скопје беше во функција на претставник на земјата-актуелен претседавач со ЕУ и ова е прва посета на шеф на грчката дипломатија во Македонија по период од една деценија. Експертот по меѓународно право, професорот Тони Дескоски, во интервју за Фактор денеска ја анализира посетата, но и изразува стравување дека по ова повторно не очекува статус кво во разговорите за името. Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк: Дескоски: По посетата на Венизелос, нови искушенија – нè чека долг статус кво во разговорите за името!

Дескоски: По посетата на Венизелос, нови искушенија – нè чека долг статус кво во разговорите за името!

Слично

Поврзани вести