Посетата на Путин ја размрда српската економија
Од рано утрово главниот град на Србија, Белград беше под опсада заради посетата на рускиот претседател Владимир Путин. И додека државниците потпишуваа еден куп договори, низ градот цветаше малиот бизнис.
Трговците продавале сувенири пред денешната парада. Маиците со ликот на Путин беа најбаран производ, а се купуваа и знамиња по цена од 150 до 600 динари (од 1,3 до 5 евра).
Се продаваше и книга за Путин по цена од 500 динари.
Организацијата на воената парада и посетата на Путин секако го чинеше српскиот Буџет, а колку точно допрва ќе се проценува. Но, затоа ситните трговци овој ден успешно го искористија.
Слично
