Посета на „тројката“ во Атина, ќе ги чешлаат реформите во поморскиот сообраќај
Технички тимови од тројката меѓународни кредитори (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) денеска се очекува да пристигнат во Атина, за да извршат анализи за спроведувањето на реформите во грчкиот поморски сообраќај.
Како што информираат грчките медиуми, тие ќе имаат средби во Министерството за трговска флота каде ќе се извршат анализите за реформите што ги бараат кредиторите во замена за кредитите доставени до државата.
Премиерот Андонис Самарас денеска ќе има средба со ресорниот министер за да разгледа стратегија на Министерството во врска со одржувањето и развој на пристанишната инфраструктура во државата, проблемите во поморскиот сообраќај и модернизација на секторот. Во Грчкиот парламент се очекува да биде поднесен нацрт-закон за промени во поморскиот сообраќај.
Слично
