ПОСЕТА НА БРИСЕЛ: Груевски и делегација од ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретнат со европски политичари
Делегација од ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот, Никола Груевски денеска ја започна дводневната работна посета на Брисел.
Таму ќе се сретнат со високи претставници на матичната европска партија, Европската народна партија и со други европски политичари.
„Ние сме дојдени во партиска посета, во контекст на евроатлантските интеграции на Македонија и во контекст на намалување на штетите од политичката криза во Македонија. Во однос на евроатланстските интеграции, дојдени сме на средби со повеќе пријатели на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Со нив денеска имавме контакти, а ќе ги продолжиме и утре – вели Груевски.
Тој заедно со министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, и пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев денеска се сретнал со европратениците Маријана Петир, Милан Звер и Едвард Кукан и со германскиот федерален министер за храна и земјоделство од Баварија, Кристијан Шмит.
