Поседуваат магнетна привлечност и се неодоливи: По овие знаци се вртат сите!
Јарец
Коскестата градба и потенцираните јаболчици на Јарците им даваат одлична предиспозиција за да се занимаваат со манекенство. Ова е најфотогеничниот знак од зодијакот и е вистинска штета што тие едноставно не уживаат пред објективите. Овој знак речиси и да не располага со гестикулација, па со тоа изразите од нивното лице тешко ќе успеете да ги прочитате. Припадниците на овој знак често имаат речиси провидно сини очи и светла коса. Нивното движење е одлучно и сигурно. Тие имаат апсолутно правилно држење на телото. Како најпознат Јарец би ја издвоиле Кејт Мос.
Скорпија
Тие поседуваат магнетна привлечност и едноставно кажано се неодоливи. Нивната конституција е ситна и мускулеста. Скорпиите се богови на харизмата. Очите им претставуваат најсилно оружје во за нив омилената функција на заведување. Нивниот поглед делува двосмислено и мистериозно, а кога поради нешто се лути, тогаш тие едноставно "стрелаат" со својот поглед. Нивниот став е провокативен. Познати Скорпии се Деми Мур и Леонардо Ди Каприо.
Вага
Без разлика дали се работи за машки или женски припадници на овој знак, Вагата претставува синоним за убавина. Ова е убедливо најубавиот знак во зодијакот. Како и кај Бикот, планетата Венера токму тука се чини дека несебично успеала да го спакува совршенството без маана во едно суштество, со тоа што била несебична кога се работи и за убавите манири и префинетото држење. Вагите се кокетни и харизматични, и речиси секогаш емитуваат некакви заводливи пораки. Најубавите познати Ваги се Моника Белучи и Мет Дејмон.
