Економија, финансии, бизнис

Контакт

Посебна шема за големите потрошувачи во Германија: Помош во висина од месечна сметка за гас

Посебна шема за големите потрошувачи во Германија: Помош во висина од месечна сметка за гас

Германска експертска комисија задолжена да подготви план за ублажување на влијанието на поскапувањето на бензинот врз потрошувачите, рано утринава идентификуваше серија предлози, изјавиле за Ројтерс извори запознаени со разговорите.

Според нацрт-документот, до кој претходно имала пристап британската агенција, Комисијата и препорачува на државата еднократна исплата на домаќинствата и деловните субјекти во износ од една месечна сметка за гас годинава и намалување на цената од следниот март или април.

Комисијата се уште работи на посебна шема за големите потрошувачи на гас во индустрискиот сектор.

Во втората фаза, државата би можела да субвенционира од 60 до 80 отсто од предвидената потрошувачка на гас, а потрошувачите да го плаќаат остатокот по пазарни цени, за да поттикне заштеда на енергија. Субвенционираната цена може да биде околу 12-14 центи за киловат час (kWh), според документот.

Доколку биде одобрена, шемата ќе биде финансирана од пакетот помош од 200 милијарди евра (194 милијарди американски долари) објавена кон крајот на минатиот месец од владата на канцеларот Олаф Шолц за да се ублажи влијанието на зголемените цени на енергијата врз најголемата европска економија.

Комисијата денеска на прес-конференција треба да ги изнесе своите предлози. Се очекува владата да ги прифати нејзините главни решенија. Портпаролот на Министерството за економија рече дека се уште нема конечен концепт.

Експертите велат дека предноста на еднократното плаќање е тоа што им дава итно олеснување на потрошувачите, додека негативна страна е што не поттикнува заштеда и покрај проценките дека се потребни најмалку 20 проценти заштеда на гас за да се избегне недостиг.

Слично

Поврзани вести