Економија, финансии, бизнис

Контакт

Портпаролката на НАТО бара лицата кои фрлаа шок бомби кон ЕУЛЕКС да одговараат

Портпаролката на НАТО бара лицата кои фрлаа шок бомби кон ЕУЛЕКС да одговараат

КФОР е целосно спремен да го спроведе својот мандат во Косово.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску денеска се приклучи кон острите реакции на ЕУ и САД за нападот со шок бомби врз патрола на ЕУЛЕКС во селото Велико Рударе кој се случи вчера по поставувањето на блокади.

„Секој таков напад е неприфатлив и сторителите мора да одговараат“, напиша таа на социјалната мрежа Твитер.

Ги повика сите граѓани да избегнуваат провокативна реторика. 

Претходно високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел повика на отстранување на барикадите и деескалација.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нападите на северот на Косово се за осуда, Белград треба да влијае на Србите, а Европската Унија (ЕУ) да интервенира.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го свика Советот за безбедност и вечерва пак ќе се обрати во јавноста. 

Србите бараат КФОР да спречи упад на косовските специјалци на северот на Косово. 

Слично

Поврзани вести