Економија, финансии, бизнис

Контакт

Портпарол и државен секретар од власта во бизнисот со електрична енергија

Портпарол и државен секретар од власта во бизнисот со електрична енергија

Гласноговорничката на Општина Штип била директорка на фирма која потоа станала конзорциум на компании на странци за изградба на фотоцентрали и за произвдство на електрична енергија во земјата.

Изабела Монева, раководителката на Одделението за контакт со јавноста во Општина Штип, претходно била управител на Ватт Ист од Штип, кога оваа фирма е основана во октомври 2024 со влог од 300.000 евра од страна на основачот Прима Инкасо на Кирчо Монев со намена за производство на електрична енергија.

Фирмата раководена од поранешната гласноговорничка на ВМРО-ДПМНЕ Штип и редовен предизборен донатор на владејачката партија потоа е преземена од две компании на странци - во февруари 2025 нови газди стануваат Соларбуилд и Ватт Текнологиес, при тоа и двете со седиште во Ресен.

Сопственици на Соларбуилд се Марат Автсен од Словачка и Павло Краснобрижиј од Украина. Компанијата од пред две години веќе работи на изградба на фотоцентрали за други инвеститори и има повеќемилионски приходи. 

Ватт Текнологиес е во сопственост на Украинецот Серхии Таран, инвеститор во Македонија во производство на електрична енергија и со други фирми. Ватт Текнологиес пред завршувањето на минатата година од Регулаторот ги доби првите две трајни лиценци за употреба на фотоцентрали од околу 2 мегавати во Куманово.

Дека партиски функционери од новата власт покажуваат интерес во енергетската дејност е и примерот со Тринити Енерџи, компанија која пред истекот на 2025 доби лиценца за пробна работа на фотоцентрала во светиниколско со капацитет од околу 3,5 мегавати.

Тринити Енерџи е фирма од Скопје регистрирана во 2024, а сопственик е Борче Серафимовски, претседател на ЗНАМ Свети Николе. Професорот беше заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет, а потоа и раководител на Великотрновски Универзитет “Св.Св.Кирил и Методиј”. Во моментов е државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

А.К.

Слично

Поврзани вести