Порше под голема истрага за измама
Германските власти кои ја регулираат автомобилската индустрија започнаа голема истрага за измама и лажно рекламирање на Порше кои се осомничени дека извршиле лажирање на тестот со кој се мери количината на издувните гасови од моторот.
Порше е осомничен дека има специјален софтвер кој го следи движењето на воланот. Трикот е во тоа штом автомобилот забележи дека е ставен на тест веднаш го префрла работењето на моторот на ниска емисија на издувни гасови.
Со тоа на тестот се добива помала вредност, а производителот на дизел па дури во некои случаи и на бензински автомобили добива повисоки оценки од комисиите за заштита на животната средина поради малото загадување.
Од Порше посочуваат дека тие никогаш не користеле софтвер за мамење на тестовите и дека целосно соработуваат со властите, како седиштето во Германија, така и подружницата во САД.
Слични сомнежи постојат и за моделите на Ауди, а претходно голема казна претрпе Фолксваген за кој се докажа дека користел софтвер за мамење што фрли голема дамка не само врз нив како бренд, туку и сомнежи за останатите автомобилски производители.
