Економија, финансии, бизнис

Контакт

Породилното за близнаци или тројки ќе трае 15 месеци!

Породилното за близнаци или тројки ќе трае 15 месеци!
Породилното боледување за мајките кои ќе родат близнаци или тројки ќе трае 15 месеци, и ќе се исплаќа одеднаш најави премиерот на трибината во Охрид. Ова е една од новините што ги најавува Владата, која веќе е усвоена на една од последните владини седници. Инаку на трибината се најавија и други измени кои го олеснуваат водењето на бизнисот, но имаат и други финансиски реперкусии, како што е најавата за зголемување на платите на информатичарите. Најави за простување на долговите има за неплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. Тие ќе можат да се платат  на рати, на најмногу 24 месеци, а каматите можат во целост да им  бидат простени. Станува збор за оние кои имаат  долг за неплатени придонеси  за пензиско и инвалидско осигурување до 31 декември 2008 та . Тие ќе можат да го платат долгот на рати а ќе бидат целосно ослободени од плаќање камата. За оние пак што имаат долг на неплатени придонеси кон ПИОМ од 1 јануари 2009 до 31 декември 2014 та ќе бидат ослободен со 70% од каматата, ако долгот го платат на 12 рати. Ако пак долгот го плаќаат две години, ќе им биде простена половина од каматата на долгот. Тука прочитајте: ВЕТУВАЊА: има ли од каде да се обезбедат пари?
Слично

Поврзани вести