Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРОДИЛЕН НАДОМЕСТОК: удар за фирмите!

ПОРОДИЛЕН НАДОМЕСТОК: удар за фирмите!
Мерката со која Владата планира да го промени сегашниот модел на исплата на породилниот  надоместок и надоместоците за боледување преку фирмите ќе биде не само “дискриминаторски удар“ за младите жени, туку и удар за фирмите – коментираат дел од бизнисмените. По сериозните реакции во јавноста, Фондот за пензиско осигурување се огласи дека се работи за прокет кој сеуште е во почетна фаза, но и дека веќе се разгледуваат можните сценарија како тој да се спроведе. Како државата ќе ги враќа парите? Ако Владата го реализира прокетот со кој фирмите ќе мора, заедно со платат да ги исплаќаат породилните надоместоци и оние за боледување, ова ќе значи 100% зголемување на трошоците на една фирма доколку има вработена што е на породилно отсуство или вработен на боледување. Трошокот дефинитивно ќе се зголеми, а тоа не е за знемарување, особено за помалите бизниси – коментираат стопанствениците. “Како таква таа ќе има само краткорочни ефекти, бидејки ќе овозможи кредитирање на обврските на државата спрема родилките, што и е основната цел, но од друга страна ги зголемува обврските на фирмите, бидеки за 100% ќе им се зголемат моменталните трошоци за ист вработен, со тоа што ќе треба да му ја обезбеди истата плата иако е на породилно, а  од друга страна и за краткорочната замена, односно ангажирање на дополнително лице за реализирање на работните активности ќе мора да обезбеди дополнителна плата. Секакво зголемување на трошоците  за компаниите е катастрофален во период на неликвидност“- вели стопанственикот Арбен Халили. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување засега најавија дека се работи за модел според словенчкиот концепт. Во првичната изјава, директорката на ФЗОМ Маја Парнаџиева Змејковска рече дека откако фирмите би ги исплатиле надоемстоците, потоа државата ќе ги компензира, односно ќе ги врати парите на фирмите. Според бизнисмените, нејасно е како државата ќе ги надокнади овие средства. Стравуваат од можна задоцнета исплата. “Би било идеално да се размислува дека државата ќе ги исполнува ови трошоци навреме а не  да се очекува.  Ако државата би била способна да ги враќа навремено овие трошоци, тогаш со сигурност и не би имало воопшто потребно за ова законсо решение. “ – вели Халили. Овој нов модел за исплата на породилните надоместоци Владата го најави како прокет во својата изборна програма со образложение дека на ваков начин треба да се обезбеди навремена исплата во интерес на вработените. “Проектот „ Побрза исплата на породилни надоместоци и боледувања“ е еден од проектите на Владата на Република Македонија кој Фондот за здравствено осигурување на Македонија треба да го спроведе врз основа на  барањата на осигурениците додека се на боледување да можат надоместокот на плата да го земат во исто време со платата на останатите вработени во фирмата, кои беа доставени до Фондот по електронски пат, преку инфо линијата како и  преку дирекните контакти со надлежните лица во Фондот.“ – изјавија од ФЗО. Од Фондот посочија дека во изминатиот период имало состаноци со бизнис заедницата и дека нивните забелешки биле вградени во моделите што ќе бидат предложени од страна на Владата. “Фондот внимателно истите ги разгледа и ги инкорпорираше како можни варијанти по кој би се реализирал самиот проект, при тоа водејќи сметка да ги заштити правата на сите осигурени лица особено на младите мајки на кои за време на нивното породилно отсуство многу е важно што побргу да ги добијат средствата, за да можат да се грижат за своите деца “ – посочија од ФЗО. Дел од бизнисмените пак велат дека и покрај нивните забелешки, Владата е решена да го спроведе моделот. “Има еден тренд во последно време, односно комуникацијата на релација Влада, Агенции и бизнисмени е сведена на несуштинско консултирање, без разлика што и да кажат бизнисмените, Владата потоа си ги тера законите без да направи промена. Најконкретен пример е новото законско решение според кое фирмите ќе мора да ги исплаќаат надоемстоците за породилно отсуство и боледување а потоа парите да се чекаат од државата. Иако имавме консултации и средби, дури и одлука на Управниот одбор на Сојузот на стопанаски комори дека решението не е добро, и тоа го кажавме на директорката на ФЗОМ. Еве, на крајот,  тоа сепак ќе се спроведе“ – изјави бизнисменот Венко Глигоров за емисијата “Тренд“ на 24 Вести. Против решението се изјаснија и невладините организации за заштита на човековите права, бидејќи според нив, ваквото решение води кон дискриминација кон младите жени кои допрва треба да создаваат семејства. И од опозициската СДСМ сметаат дека овој модел ќе ја влоши позицијата на жената. “Доколку се примени овој предлог на власта тоа ќе предизвика сериозни негативни последици врз жените родилки и идните мајки. Затоа што се загрозува положба на жените, се форсира нивна нееднаквост и дополнително исклучување од пазарот на труд. Се загрозува пристапот на жените до право на бременост и мајчинство. Се зголемува несигурноста на работните места на жените и дополнително ќе влијае на намалување на пристапот на жените до заработувачка. Во суштина на сите овие негативни ефекти се дискриминацијата на жените и зголемувањето на нееднаквоста, спротивна на Законот за еднакви можности.“ – оцени Мирјана Николовска од СДСМ од каде предлагаат стопирање на проктот а невремената исплата на надоместоците да ја спроведе ФЗОМ. Проектот „ Побрза исплата на породилни надоместоци и боледувања“ моментално се наоѓа во владина процедура и истиот содржи повеќе предлог варијанти за негова реализација.  
Слично

Поврзани вести