Поразително: Србија лидер во Европа по алкохолизам
Светската здравствена организација објави извештај за потрошувачката на алкохол и алкохолизмот во светот. Според тие податоци, во Србија алкохол воглавно пијат мажи, и тоа преку 27 литри чист алкохол во текот на една година.
Во извештајот СЗО наведува дека Србија е земја со среден ризик, по прашање на потрошувачката и злоупотребата на алкохол.
Интересен е податокот дека повеќе од половина од популацијата постари од 15 години пијат пиво, додека останатите во подеднаков однос сакаат да конзумираат вино и јаки пијалоци (ракија, вотка, џин ...). Исто така, според податоците на СЗО, пивото станало омилен пијалок во Србија околу 2005 година, додека до тогаш Србинот пиел јаки пијалоци. Конзумација по жител: Србија со просек од 19 литри чист алкохол е на неславниот врв на списокот на европските земји. Лицата постари од 15 години, кои се изјасниле дека пијат алкохол, во просек пијат 19 литри чист алкохол годишно. Од тоа, дури 27 литри пијат мажите, а жените дури три пати помалку, околу 10 литри. Исто така, кон тешко опивање се сколни мажите, и тоа во однос 9:1. Кога се земе просечната вредност на испиен алкохол, излегува дека со 19 литри чист алкохол по глава на жител (постари од 15 години, кои се изјасниле дека конзумираат алкохол), Србија го зазема самиот врв на листата на Европските земји по конзумацијата на алкохол. Така сите земји од регионот, освен Романија, имаат помала потрошувачка на алкохол по глава на жител.
