ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Како Македонците штедат на електрична енергија
Со цел да ја намалат сметката за струја, Македонците најчесто затоплуваат само една соба.
Во просек се топли само 45% од површината на домот, а останатите 55% остануваат студени, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика.
Податоците покажуваат дека најголем број од населението домот го грее со огревно дрво(61,59%), помал број на електрична енергија (28,60%), а најмал број се приклучени на централно парно (8,33%)
Оние кои користат струја, најчесто имаат енергетски неефикасни грејни тела – една третина обични греалки, една третина термо печки, 15% панелки и 15% клима уреди. Само еден од пет климатизери е со инвертор.
Дури 68 отсто од куќите и становите имаат дрвени прозорци, 29% ПВЦ, а нешто над 3% алуминиумски.
Според ДЗС најголем дел од куќите и становите во Македонија се изградени уште во времето на Југославија (82%) кога не се водело сметка за енергетската ефикасност.
Загревањето само на една до две соби е можеби ефикасен начин на штедење, но со тоа се намалува квалитетот на живот. Експертите по енергетска ефикасност даваат други совети со кои можат да се скастрат сметките. Тука може да прочитате дел од нив.
