Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАСТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Изнесува скоро 39.000 денари

ПОРАСТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Изнесува скоро 39.000 денари

Статистика регистрира пораст на платите. За речиси 1,000 денари е зголемена просечната исплатена плата во октомври во однос на претходниот месец. Просечната нето-плата во октомври изнесувала 38.843 денари.

Како што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 117.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 отсто), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.2 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20.0 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.2 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.5 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (4.6 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесуваше 37.876 денари. Во август 2023 година, просечната плата била 36.390 денари.

Растот на просечната плата го зголеми износот на К-15 за газдите кои не го исплатиле досега.

Слично

Поврзани вести