Пораст на прометот во индустријата од 6,5 проценти во март
6,5 проценти раст забележува прометот во индустријата.
Последните статистички податоци бележат раст во мартг годинава од 6,5 проценти, во однос на истиот месец лани.
Во однос на домашниот пазар каде што Државниот завод за статистика бележи пад во индексот на прометот, сосема поинаква е состојбата со прометот остварен на странските пазари каде индексот бележи раст од 6 отсто.
Ако гледаме по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен, бележи опаѓање од 9,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,2 отсто.
Прометот во март годинава, во однос на март лани забележа раст кај Интермедијарни производи, освен енергијата 4,1 отсто, Капитални производи за 19,9 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9 отсто.
Пад пак е забележан кај Енергија за 7,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто.
8,1 отсто бележи прометот во индустријата во март 2016 година, во однос на февруари 2016 година, додека во првите тир месеци годинава прометот бил повисок, односно изнесувал 9,3 отсто.
