Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ: Колку заработуваат Хрватите?

ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ: Колку заработуваат Хрватите?

Просечната плата во Хрватска бележи пораст. 

Просечната нето-плата по вработен во Хрватска во март изнесуваше 1.130 евра и е номинално повисока за 11,9 отсто, а реално за 1,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Просечната плата од 1.130 евра е номинално повисока за 2,2 отсто, а реално за 1,3 отсто во однос на февруари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по час за март е 6,08 евра, што е за 10,7 отсто пониска од февруари, а за 11,8 отсто повеќе од март минатата година. 

Највисока просечна месечна исплатена нето-плата е исплатена во информатичките услужни дејности во износ од 2.327 евра, а најниска во заштитните и истражните дејствија од 738 евра. Медијалната нето плата за март изнесувала 946 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума.

Најмногу платени часови има во дејноста воден транспорт (191), а најмал број на платени часови има во дејноста социјална заштита без сместување (160). 

Што се однесува до платите во регионот, деновиве српските медиуми објавија дека платите во Србија имаат најголем пораст на светско ниво. Ова е според податоците на World of Statistics.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести