Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пораст на прометот во индустријата во мај за 8,7 отсто

Пораст на прометот во индустријата во мај за 8,7 отсто
Прометот во индустријата во мај годинава, споредено со истиот период лани, порасна за 8,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на претходниот месец, изнесува 97.4, додека во периодот јануари-мај оваа година, во однос на периодот јануари-мај 2012 година, изнесува 105,5. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 13,5 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 20,8 отсто. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 19,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,1 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во мај оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст кај Капитални производи за 94,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 74,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.
Слично

Поврзани вести