Пораст на цените на мало во Македонија за 8,6 отсто
Цените на мало за вкупни трошоци пораснале за 8,56 отсто изминатиот февруари во однос на истиот месец од 2021, објави денеска Државниот завод за статистика.
Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 13,5 проценти, а прехранбените производи за 9,1 отсто. Цените на стоките се поскапени за 10 отсто, а на индустриско-прехранбените производи за 7,5 проценти.
Лебот и житарките се поскапени за 11 отсто, на маслата за една година поскапувањето е за 23,8 проценти.
Средствата за хигиена и за поправки е повисока за 16,8 проценти споредено со февруари 2021. Транспортот во овој период поскапел за 19,4 проценти.
Во споредба со минатиот месец јануари, пораст е забележан кај цигарите за 6.6 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4.3 %, кафето, чајот, какаото за 2.7 %.
Собирањето на отпадните води за еден месец е зголемено за 14.2 %, течните горива за домаќинствата за 8.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.4 %, патниот патнички транспорт за 4.3 %, велосипедите за 4.2 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 4.0 %, гасот за домаќинствата, парамедицинските услуги за 3.5 %.
