Пораст бележат трошоците на живот во октомври
Мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка во октомври годинава во однос на претходниот месец трошоците на живот бележат пораст од 0,2 проценти, а во однос на октомври лани 5,3 проценти, објави Државниот завод за статистика. Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2012, во однос на септември 2012, пораст на индексите е забележан кај облеката и обувките за 2,6 отсто, мебел, покуќнина и одржување покуќнина за 0,7 отсто, храна и безалкохолни пијалоци за 0,6 отсто, здравје и останати стоки и услуги за 0,4 отсто и комуникации за 0,1 отсто. Намалување на индексот на трошоците на животот е забележан кај транспортот за 2,1 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива и рекреација и култура за 0,6 отсто. Нема промена во однос на претходниот месец кај алкохолните пијалоци, тутунот, образованието и рестораните и хотелите.
Слично
