Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАСНАЛ ИЗВОЗОТ: Со кои земји најмногу тргува Македонија?

ПОРАСНАЛ ИЗВОЗОТ: Со кои земји најмногу тргува Македонија?

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146 245 756 илјади денари и бележи пораст од 16.2% во 
однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 199 947 002 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.  Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 53 701 246 илјади денари, објави податоци на Државниот завод за статистика. 

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2017, изнесува 73.1%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. 

Во периодот јануари-јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Слично

Поврзани вести