Порасна вредноста на доларот во однос на еврото
Доларот e со највисока вредност во изминатите 20 години, а расте и цената на нафтата.
Се очекува американската централна банка агресивно да ги зголеми каматните стапки. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 135,00 на 134,30 јени. Но, доларот зајакна во однос на европската валута, и цената на еврото се намали на 1,0415 долари, а вчера беше 1,0485 долари. Цените на нафтата, благо се зголемија. Цената на барелот на лондонскиот пазар скокна за 0,18 отсто, на 122,45 долари, а на американскиот пазар барелот поскапе за 0,17 отсто на 121,15 долари. Изминативе месеци имаше осцилации кај повеќе валути.
foto freepik.com
Слично
