Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порасна јавниот долг на земјата – дали сме во „безбедната зона“?

Порасна јавниот долг на земјата – дали сме во „безбедната зона“?

Надворешниот бруто-долг во првиот квартал од 2016  година, изнесува 6,7 милијарди евра или 70,9% од домашниот бруто-производ (БДП).

Тоа  претставува пораст од 1,1 процентен поент од домашниот бруто-производ на квартална основа, објави Народна банка.

Надворешниот бруто-долг се зголемил за 1,8 процентни поени од домашниот бруто-производ споредено со истиот период лани, во услови на пораст на јавниот и на приватниот долг.

Кварталното поместување на бруто надворешниот долг главно се должи на понискиот приватен долг, а намалување е забележано и кај долгот на јавниот сектор. Понискиот приватен долг е последица на падот на долгот на небанкарскиот приватен сектор, главно поради отплата на акумулирани трговски кредити, понизок меѓукомпаниски долг и намалување на долгот на банките, претежно врз основа на валути и депозити и долгорочни заеми.

Сепак, показателите за надворешната задолженост на домашната економија и понатаму покажуваат дека надворешниот бруто-долг се наоѓа во „безбедната зона“.

Единствен показател според кој економијата се класифицира во групата на високо задолжени земји претставува учеството на бруто надворешниот долг во БДП, наведуваат од НБРМ.

Слично

Поврзани вести