Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАСНА БРУТО ПЛАТАТА: Неколку сектори ги движат напред примањата

ПОРАСНА БРУТО ПЛАТАТА: Неколку сектори ги движат напред примањата

Просечната месечна исплатена бруто-плата во јули годинава во земјава била 35 322 денари, a нето платата е 24 072 денари. 

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен, во јули 2018 година, во однос на јули лани е 106.0.  Ваквото зголемување е поради зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен  во секторите: Рударство и вадење на камен (25.1 %), Информации и комуникации (15.6 %) и Објекти за сместување и 
сервисни дејности со храна (12.0%).  

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано  во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %), Преработувачка  индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.3 %). 

За споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2018, изнесува 24 509 денари. Еден месец претходно, во април 2018, таа изнесувала 23 942 денари.

Слично

Поврзани вести