Поранешните професионални војници ќе потпишат договори за вработување
Поранешните професионални војници во Армијата на Република Македонија, утре ќе потпишат договори за вработување со министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Од Министерството за одбрана информираат дека согласно одлуката на Владата на Република Македонија, вработени ќе бидат поранешните професионални војници чиј професионален договор за служба во АРМ завршил со навршување на старосната граница од 35 односно 38 години, а врз основа на Законот за служба во АРМ поднесоа барања за вработување најдоцна до крајот на јануари оваа година.
Слично
