Поранешниот сопственик на српска Железара ги тужи Кинезите
Американскиот произведувач на челиќ Ју-Ес Стил поднесе тужба против големите кинески произведувачи и дистрибутери на челик.
Таа американска компанија бара на американскиот пазар да се забрани наводно нефер тргување на кинеските производи.
Американската компанија, која произведува и продава производи од челик во Северна Америка и Европа, соопшти дека поднела тужба до американската Комисија за меѓународна трговија (ITC) против кинеските произведувачи и дистрибутери на челик поради како тврди, незаконски методи на повреда на конкуренцијата, пренесува агенцијата АФП.
Ју-Ес Стил во тужбата ги товари кинеските компании за „незаконски заговор поради местење на цени, кражба на трговски тајни и лажно обележување на производ заради избегнување на цариснски должности“, и бара исклучување на кинески производи од челик од американскиот пазар.
„Ќе ги искористиме сите расположливи средства за да се избориме за праведна трговија“, се наведува во соопштението на претседателот и генерален директор на Ју Ес Стил, Марија Лонги.
„ITC“ има рок од 30 дена за проценка на тужбата и донесување на одлуката за потенцијално отворање на истрагата.
Кина држи повеќе од половина од светското производство на челик, а ширум светот е соочена со обвиненија дека го преплавува пазарот со производи кои се продаваат под пазарната цена, со што ги крши глобалните трговски прописи, наведува АФП.
