Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот шеф на турската разузнавачка служба одби да влезе во парламентот

Поранешниот шеф на турската разузнавачка служба одби да влезе во парламентот

Поранешниот шеф на турската разузнавачка служба, Хакан Фидан објави дека се откажал од кандидатурата за пратеничко место на парламентарните на избори во јуни, пренесува „Ројтерс“. Агенцијата наведува дека одлуката на Фидан најверојатно ќе биде сметана како победа за претседателот Реџеп Ердоган, кој се спротивставил на неговата кандидатура.

Шефот на разузнавањето најави минатиот месец дека ќе се кандидира како претставник на Партијата на правдата и развојот, што доведе до поделба меѓу лидерите на партијата и претседателот.

Иако уставот бара од Ердоган да се дистанцира од партиската политика, тој најави дека „не гледа позитивно на кандидатурата на Фидан“, но додаде дека тоа е во надлежност на премиерот Ахмет Давутоглу.

Во кусата изјава Фидан, кој беше споменува како кандидат за министер за надворешни работи, не ја посочи причината за повлекувањето на кандидатурата.

„За време на службата на државата и на мојот народ секогаш ќе обидувам да ги исполнувам моите обврски“, изјавил тој и се заблагодари на Ердоган и Давутоглу за „нивната поддршка“.

Извор од администрацијата на Давутоглу изјавил дека премиерот разговарал за повлекувањето на Фидан со Ердоган, кој ја одобрил неговата одлука.

Ердоган, кој ја презеде претседателската функција минатиот август по 10 години како премиер, не ја крие својата намера да ја задржи контролата над политичкиот живот на земјата и партијата. Тој сака да обезбеди стабилно мнозинство во Партијата на правдата и развојот на изборите во јуни, што ќе му овозможи да направи промени во уставот и да создаде претседателски режим во Турција.

Слично

Поврзани вести