Поранешниот пратеник Филиповски го презеде Технокомерц
Технокомерц АД Скопје потврди дека Илија Филиповски е нов сопственик на компанијата откако се стекна со над 50% од акциите. Тој се стекна со 3.688 обични акции и заедно со 7.496 акции кои веќе ги поседуваше сега има вкупно 11.184 обични акции што претставува вкупно 50,84% од сопственоста на акциите на Технокомерц АД Скопје.
Понудата за преземање на Технокомерц АД Скопје од страна на Илија Филиповски претходно беше одобрена и од страна на Комисијата за хартии од вредност.
Илија Филиповски е поранешен пратеник на СДСМ, а беше и министер за економија во владата на Бранко Црвенковски. Тој роден е 1941 година во Ростуше, а бил директор на увоз-извоз "Охис".
Просечната цена на акцијата на Технокомерц АД Скопје сега изнесува 825 денари, а оваа компанија се занимава со внатрешна и надоврешна трговија со различни производи и резервни делови за автомобили, градежна механизација, а има и свое производство. Во 2016-та Технокомерц оствари приходи од 4,6 милиони евра.
Х.С.