Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот грчки министер за одбрана пак на суд, перел пари!

Поранешниот грчки министер за одбрана пак на суд, перел пари!

Поради обвинение за перење пари,  поранешниот грчки министер за одбрана, Акис Цохазопулос во мај пак ќе се најде пред суд, овојпат заедно со уште 18 лица.

Како што пишува весникот „Имерисија“, вака решил Апелацискиот суд во Атина, откако претходно му одреди осум години затвор на некогашниот, како што го нарекуваа „сив кардинал“ од ПАСОК заради неточни пријавени податоци за неговата имотна состојба.

Притоа тој треба да плати парична казна од над половина милион евра, а неговата скапа луксузна куќа во Атина ќеше конфискувана од државата.

Сега Цохазопулос треба да одговара на суд и за други измами, заедно со неколку членови на неговото најблиско семејство и блиски соработници за кои има податоци дека се вмешани во перењето пари од зделките со оружје.

Слично

Поврзани вести