Поранешниот градоначалник Слободан Даневски доби 3 години казна затвор за „Џумајлија“
Основниот суд во Штип го осуди поранешниот градоначалник на Свети Николе, Слободан Даневски, за злоупотреба на службената положба, информира Канал5.
Тој доби 3 години затвор за злоупотреби на овластувањата кога бил менаџер на комбинатот „Џумјалија“.
Слободан Даневски претходно доби ослободителна пресуда, но Апелациониот суд ја укина и предметот го врати на повторно судење.
Слично
