Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот градоначалник на Охрид Петрески заработи нова кривична пријава

Поранешниот градоначалник на Охрид Петрески заработи нова кривична пријава
Додека му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена за случајот „Јагула“, екс-градоначалникот на Охрид Александар Петрески доби уште една кривична пријава - полицијата го сомничи дека вработувал за да добие гласови на изборите. Според полициската пријава, Петрески, со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид, во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил 165 договори за времени вработувања и вработувања со договори на дело без за тоа да постои било каква оправдана или издржана потреба. Тоа го направил без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациони единици во рамките на општинската адмистрација, без да постои соодветна систематизација донесена во законска пропишана постапка и без да биле обезбедени доволно средства во буџетот на општината Охрид, со што и нанесол вкупна материјална штета на општина Охрид во износ од 5.650.496 денари. Истрагата покажала дека 45 од вработените лица воопшто не оделе на „работните места“. Исто така, во периодот од 2008 до 2012 година, кога сметката на општината била блокирана, тој вршел фиктивни вработувања на лица во туристичко биро “Лихнидос“ ДООЕЛ од Охрид, со што го оштетил буџетот на општина Охрид за дополнителни над 5 милиони и 800 илјади денари.
Слично

Поврзани вести