Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешниот градоначалник на Кочани влегува во градежништвото со кумановски бизнисмени

Поранешниот градоначалник на Кочани влегува во градежништвото со кумановски бизнисмени

Поранешниот градоначалник на Кочани, Николчо Илијев, кој за 16 гласа загуби на последните локални избори од Љупчо Папазов, основа заедничка градежна компанија во Куманово со кумановските бизнисмени Бобан Спасовски и Емил Георгиевски. Дејноста на „Бен 22 Констракшн“ е изградба на станбени и нестанбени згради.

Спасовски е сопственик на „Делукс Ауто“, кој  е овластен дистрибутер на возилата Шкода, Фолксваген и Сеат, а своевремено компанијата во јавноста беше одбележана како донатор на владејачкиот СДСМ и добитник на голем број тендери, пред се од МВР. 

Георгиевски е сопственик на „Хромак“, еден од најголемите брендови во трговија на бои и лакови, кој има деловни активности и во регионот. 

Делукс Ауто и Хромак веќе се активно вклучени во градежниот бизнис во Куманово и се занимаваат со изградба на семејни згради и деловни простории 

Илијев е основач на текстилната компанија “ИНТ“ - Кочани. Тој важеше за еден од најбогатите градоначалници според неговиот анкетен лист. Во 2019 компанијата  оствари приходи од 2,75 милиони евра.

Во октомври 2017 година како натпартиски кандидат предложен од коалицијата што ја предводеше СДСМ победи на локалните избори и стана градоначалник на Кочани.

Бизнис магнатот од истокот на земјата беше втор најбогат градоначалник според пријавениот анкетен лист со имот во вредност од 7.475.131 евра. Најголемиот дел од имотот се состоеше од девизни депозити кои ги поседуваат Илијев, неговата сопруга и децата. Илијеви поседуваат куќа за одмор во Грција, но располагаат и со недвижен имот во Кочани, Полаки и Јастребник.

А.К.

Слично

Поврзани вести