Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешни пратеници инвестираат во бизнисот со електрична енергија

Поранешни пратеници инвестираат во бизнисот со електрична енергија

Поранешниот пратеник на СДСМ, Драган Ѓорѓиев од Ново Село, стана сопственик на уште две компании за производство на електрична енергија и сега неговото име фигурира во вкупно пет со таква дејност, основани за помалку од една година.  Бизнисменот беше пратеник во македонскиот парламент во собранискиот состав 2002-2006.

Минатиот месец Ѓорѓиев ја преземал Брова Енерџи, фирма од Ново Село за производство на електрична енергија од пробиштипјанецот Вангел Михајлов. Ѓорѓиев од почетокот на месецов е ко-основач и на Пелагонија Фотон со седиште во скопски Карпош.

На почетокот на годината, во екот на „зелената транзиција“ Ѓорѓиев за кратко време регистрираше три компании за производство на електрична енергија во кои тој е ко-сопственик.

На почетокот од 2022, првата е именувана како „Пелагонија Солар“, а втората инвестиција е „ДГД Електроволт“ регистрирана во Струмица. Во меѓувреме „Грин Енерџи Груп“ е регистрирана со седиште во Битола, а тој и таму е ко-основач.

Ѓорѓиев беше пратеник во македонскиот парламент во собранискиот состав 2002-2006, кога исто така и Заев своевремено беше народен претставник. Тој е дипломиран електро инженер. Пратеник стана како бизнисмен сопственик на приватна фирма Мастер - Дооел.

Во меѓувреме уште еден поранешен пратеник од владеачката партија - Сашко Атанасов, е еден од четворицата сопственици на новоформираната Фивас Пауер во Општина Василево за производство на струја. Атанасов од Василево, по професија спортски тренер, стана член на претходниот пратенички состав.

Атанасов беше претседател на општинската организација на СДСМ. Еден од четворицата основачи на Фивас Пауер е и Васил Коцев, кој своевремено го заменил Атанасов на чело на СДСМ Василево, кога тој станал пратеник. Коцев во тоа време бил директор на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица. 

Александар Кузмановски

Слично

Поврзани вести