Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје стана член на Надзорниот одбор на „Мтел“

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје стана член на Надзорниот одбор на „Мтел“

Ирена Мишева, која своевремено три пати беше избирана за претседателка на Советот на Град Скопје, е нов член на Надзорниот одбор на Мтел, телекомуникацискиот оператор во Македонија.

Мишева од 2017 до 2021 беше координаторка на советничка група во Град Скопје, а претходно беше и неизвршен член на одборот на директори на „Т-Мобиле“ и член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во моментов покрај Мишева, член на Надзорниот одбор на „Мтел“ е и Горан Трајковски, а нов претседател на одборот е Марија Спасиќ од Србија.

А.К.

Слично

Поврзани вести