Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марина Узунов нов портпарол на Регулаторна

Марина Узунов нов портпарол на Регулаторна

Марина Узунов ќе биде новото лице за односи со јавност во Регулаторната комисија за енергетика. 

Ова за Фактор го потврди и првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Според него, Марина Узунов од 17 јануари годинава работи во Регулаторната комисија за енергетика, на односи со јавност во оваа институција.

Инаку, Марина Узунов беше советничка за комуникации во Кабинетот на поранешниот вицепремиер задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој реши да ја напушти оваа функција откако на 3 јануари годинава беше избрана техничката Влада, и му се врати на својот приватен бизнис. 

А како што пишуваа медиумите во јануари 2018 година, Узунов тогаш беше именувана за Член на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), во исто време додека работеше и во Кабинетот на Анѓушев.

Слично

Поврзани вести