Поранешна соработничка на Бандиќ пронајдена без свест: Вчера ја апсеа денеска во болница
Ана Ставлjeниќ Рукавина (82), која вчера беше уапсена во Хрватска како дел од аферата „Сребрњак“, а потоа пуштена да се брани од слобода, била денеска пронајдена во несвест во нејзиниот стан.
Според хрватските медиуми, таа била пренесена во болница, а по стабилизирањето на состојбата, била пуштена дома.
Јавуваат дека нејзин роднина дошол кај неа во станот и ја пронашол во несвесна состојба.
Судот ја зеде предвид возраста на поранешната блиска соработниќка на починатиот градоначалник Милан Бандиќ, па за неа судија на претходна попстапка одреди да се брани од слобода.
Ставлјeниќ-Рукавина е осомничена за злоупотреба на својата положба и овластување со поставување конкурс за директор на Сребрњак.
Деталите за апсењата во кои вчера во Загреб беа приведени повеќе лица соработници на починатиот градоначалник на Загреб. Милан Бандиќ читајте овде. Во акцијата вчера беше уапсен и директорот на ХРТ Казимир Башиќ.
Слично
