Поранешен комерцијален директор на Yahoo ќе ги оценува македонските стартапи
Фондот за иновации и технолошки развој го објави првиот јавен повик за ко-финансирани грантови во 2021 година за македонските стартапи.
Станува збор за 6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст.
Директорот на ФИТР, Коста Петров, ги претстави и членовите на интернационалниот комитет кои ќе вршат евалуација за тоа кои стартапи ќе добијат неповратни грантови за своите проекти.
Претседател на комитетот ќе биде Марвин Лао, поранешен комерцијален директор на Yahoo. Лао во своето видео-обраќање рече дека Македонија се позиционира како меѓународен ХАб за иновации.
Марвин е поранешен партнер на 500 стартапи, со над 19 години искуство во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Тој беше инвеститор во 500 стартапи од 2014 година, водејќи ја програмата за акцелератори во Сан Франциско
