Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен директор на Завод за статистика знае што ќе покаже пописот

Поранешен директор на Завод за статистика знае што ќе покаже пописот

Дончо Герасимовски, демографски аналитичар и поранешниот директор на Заводот за статистика, во писмо до „Нова Македонија“ тврди дека најавениот попис во 2020-та ќе покаже услови на голема дисфункционалност на пазарот на труд во иднина и големо негативно влијание на овој сегмент врз македонската економија.

Според Герасимовски, до тогаш Македонија 18 години ќе нема попис и нема да може соодветно да се прават анализи и планирања во економијата. 

Пописот, како што вели тој, ќе покаже длабока демографска старост, изумирање на шест реони и потреба од затворање на училишта. Пописот ќе покаже дека во половина од руралните средини ќе нема знаци дека некој таму живее.

- Во сето ова потребна е поголема ангажираност, пропаганда, развој и тоа рамномерен, како и континуирано следење, анализирање и насочување на мерките и активностите. Потребите налагаат и формирање некој орган за демографските процеси - вели Герасимовски.

Слично

Поврзани вести