Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен амбасадор се плаши од нови војни на Балканот

Поранешен амбасадор се плаши од нови војни на Балканот

Eкс американскиот амбасадор во Белград, Вилијам Монтгомери, се плаши дека може да дојде до нови конфликти на Балканот. Дипломатот во пензија не верува дека државите можат сами да ги решат проблемите, затоа што како што вели чувствата се многу разбранувани од сите страни.

Вели дека ниту еден од проблемите во регионот не е решен, туку само тој веќе не е во центарот на светското внимание.

Монтгомери, како гостин во емисијата „1 на 1“ на хрватската телевизија, рече дека смета оти Европската Унија не дава соодветна помош и поддршка која е потребна за целиот балкански регион. Тој е убеден дека ова ќе се случи, но ќе треба време. Кажа дека на Балканот му е потребна целосна поддршка од Западот, САД и ЕУ за промени. Неодамна беше нападнато на Косово, поради регистарските таблички на автомобилите. 

Слично

Поврзани вести