Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пораките на Груевски, политичките противници, народот и одбраната на името!

Пораките на Груевски, политичките противници, народот и одбраната на името!
Секој обид за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и гледишта, момент кој би стимулирал поделби или каков било момент кој засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот порача премиерот Никола Груевски, предупредувајќи дека следува период на предизвици за земјата. - Следуваат моменти во кои сите ние ќе бидеме соочени со бројни предизвици кои ќе имаат за цел да го раздвојат македонското национално ткиво по неколку линии, внесувајќи немир, вознемиреност, можеби и фрустрација и чувство на девалвација кај Македонците, моменти на провокација од разни структури, домашни и од надвор, на разбивање на кохезијата на македонскиот народ, на повторно етикетирање и стимулирање на вештачки подвојувања, и тоа ќе се обиди во насока да се компромитираат македонските државни и национални интереси кои се длабоко исправни и реални - рече Груевски. Ние сме свесни за тоа, го знаеме и сакам да кажам, ние ќе одговориме, и тоа ќе одговориме заедно со нашиот најсилен сојузник – народот. Како што Карев и Питу заедно со народот дејствуваа, а Ченто, Панко и Апостолски заедно со народот ги донесуваат своите одлуки, така и ние како и досега со народот ќе продолжиме заеднички да дејствуваме. Секој обид за доведување под прашање на легитимитетот на ова што го говорам, за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и гледишта, момент кој би стимулирал поделби или каков било каков момент кој засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот, потенцираше Груевски. И затоа е потребно збивање на редовите и чување на грбот, на сите нас, етнички, верски и политички, вмровци, сдсмовци, либерали, демократи, сите до еден, за да бидеме на линија на илинденска и асномска Македонија. Да ги чуваме нашите заеднички интереси и Македонија. Тоа е рационално и искрено, пред се како должност, но и како право и обврска. И ова не сакам да звучи како клише, туку искрено и од срце го посакувам. Но, сакам и да кажам дека ние како политичка структура имаме одговор и секое оспорување на нашиот легитимитет за суштинските прашања ќе добие одговор, за кој сум сигурен дека ќе не доведе до нов успех и победа, затоа што со народот заедно дејствуваме, рече Груевски. За преговорите со Грција Ќе направам обид во Обединетите нации за да го сменам форматот на разговорите со Грција, слично на оној по кој преговараа Cрбија и Косоово, односно со вклучување на експерти за решавање на спорот, како и да се најде некој во Европа која ќе го натера јужниот сосед да седна на преговарачката маса. -Како да решиме спор ако не разговараме, ако никој освен нас не е директно мотивиран овој спор да се реши? Ајде да седнеме и да разговараме. Еве уште еднаш ја користам приликата на овој наш голем празник, историски ден, за да повикам на промена на форматот на разговорите за изнаоѓање решение, односно носители на одговорните тимови на двете земји да бидат премиерите, и да се обидеме заедно да дојдеме до некое за двете страни прифатливо решение, крајниот збор секако и секогаш ќе го имаат граѓаните на организиран референдум и тоа е обврска од која ниту еден политичар, партија или поединец не смее да бега - повика македонскиот премиер Груевски. Провокации има, и од внатре и од надвор, ама ние не се плашиме. Со цел забрзување на процесот, на сите засегнати страни размислувам да се обратам до ОН со став за промена на форматот на разговорите, со кој би се следел примерот на Србија и Косово. И сега сум убеден доколку пред 5 или 6 години некој имаше скепса дека нашиот јужен сосед не сака да разговара, сега на сите им е тоа јасно. Јас ќе повикам да го натера некој нашиот сосед да разговара, рече Груевски. Тој во својот говор со критика на негативните извештаи од Европската Унија за судството, медиумите, и со став дека тоа се прави поради неможноста да се реши вистинскиот проблем. Наместо да трошат енергија измислувајќи недостатоци за судството, медиумите, нека ги убедат нашите соседи да седнат и да разговаараат со нас, рече Груевски. Според него, Македонија е подобра во некои сфери од одделни членки на ЕУ и НАТО. - И конечно по 4 години признанија за напредок во сите сфери, неуверливо е кога ќе се смени реториката и ќе се поплука се што било кажано. Затоа велам да се фокусираме на главниот проблем, а не да измислуваме нови проблеми - рече Груевски на Мечкин Камен. За лустрацијата Лустрацијата не е против асномска Македонија, туку таа е најголем сојузник на асномска Македонија. Лустрацијата е процес кој е значаен за општеството и ја ужива поддршката од јавноста, и покрај сите обиди на некои структури да се спротивстават или да го оспорат, порача денеска премиерот Никола Груевски во неговиот говор во Крушево, по повод националниот празник Илинден. Според него, процесот на лустрација е болен, но мора и ќе биде направен, и од тој процес Македонија ќе излезе уште посилна и поединствена, ослободена од тежина. Според Груевски, комплетно е неточна и невистинита тезата дека наводно со лустрацијата се нарушувале принципите на асномска Македонија, што во последно време некои критичари кои се засегнати од овој закон и од процесот, затоа што на тој начин се нарушува нивниот абнормален комодитет и стекнати позиции, но најмногу поради знаењето на фактот дека со овој процес на лустрација кој ние како Влада го поддржуваме, посочи, се рушат политичките позиции на партиите кои овие дежурни критичари ги поддржуваат. - Како може да се нарушат принципите на асномска Македонија, кога луѓето кои ја создадоа асномска Македонија и кои денес ги славиме, како Методија Андонов-Ченто, Панко Брашнаров, Владимир Полежина, Бане Андреев, Петре Пирузе Мајски и илјадници други беа малтретирани, затворани и шиканирани и испратени на Голи Оток и по затворите, токму од тој ист режим кој преку лустрацијата сакаме да го демаскираме? - праша премиерот Груевски. Тој нагласи дека лустрацијата не може да е против асномска Македонија кога „кодошите ги кодошеле сите македонски национални дејци, автори, писатели, актери, режисери, општественици кои се залагале токму за принципите на асномска Македонија, наместо принципите за кои се залагале кодошите на кои подраго им било југословенството пред македонизмот, и кои сметале дека Трст е најбитен.  
Слично

Поврзани вести